Пехчевската поетеса Габриела Костадинова беше единствена претставничка од Македонија на која и’ беше направена промоција на нејзината книга ,,Дама са шеширом” на Саемот на книга во издание на Српско уметничко друштво Београд.
– Новата книга на пехчевската поетеса Габриела Костадинова „Дама са шеширом“ денеска беше промовирана во Белград.
Книгата, која беше промовирана во рамки на Саемот на книгата, како што информираше авторката, е издадена од Српско уметничко друштво од Белград.
-Чест и задоволство е да се биде единствен претставник од Пехчево и Македонија и единствена поетеса на кого Српско уметничко друштво Београд оваа година на Саемот и направи промоција. Благодарност до Неџо Чича Стојановиќ за укажаната чест, истакна Костадинова.
Книгата, како што додава, претходно е издадена и на македонско јазик под наслов „Дамата со шеширот“.
Габриела Костадинова досега ги има објавено книгите поезија „Записи на болката“ и „Црвената боја на љубовта“.
Прогласена е за почесен граѓанин и успешна жена на Општина Пехчево за нејзините достигнувања во областа на културата.