Газираната минерална вода е еден од оние пијалоци за кои кружат различни приказни. Додека некои се колнат дека делува неверојатно добро на варењето, го решава проблемот со мачнините, мамурлакот и слично, други го избегнуваат, сметајќи дека гасовите се штетни за нивниот организам.
Може да здивнат сите оние кои до сега беа во дилема дали газираната минерална вода е здрава и дали има некакви ризици од нејзиното консумирање. Газирана вода не е штетна по здравјето! Покрај тоа што нашето тело полесно ги впива минералите од водата отколку од храната, минералните води имаат и бројни лековити својства во зависност од составот и количината на минерали кои ги содржат. Најголемата заблуда е дека газираната вода го „скиселува“ телото.
рН на желудникот е 1,5-3,5, затоа е неопходна кисела средина за варење. Пиењето негазирана вода со pH 7 ја намалува киселоста во желудникот, а пиењето газирана вода со pH 3,5 одржува кисела средина, која е неопходна за добро варење. Затоа за варење и метаболизам најдобро е да се напиете чаши или две газирана вода после оброк.
Друга лага за која се верува е дека газираната вода ја оштетува забната глеѓ и предизвикува кариес.Кариесот е предизвикан од бактерии, а 99% од бактериите се убиваат од кисела средина. Храна за бактериите се шеќерите во јаглехидратите. Газирана вода со pH вредност од 3,5 е средина која ги убива бактериите и е корисна за плакнење на устата и непцата. Затоа е добро да се напиете чаша или две газирана вода после оброк. Наместо скапи средства за плакнење на устата со pH 3-3,5, поздраво е да се напиете чаша газирана вода и со неа да ја исплакнете устата! Покрај тоа, ќе внесете хранливи минерали и ќе го хидрирате телото!
Најважните вистини и факти за газирана вода: – Хормонот на глад грелин и хормонот на ситост лептин делуваат на рецепторите во грлото и стомакот, создавајќи чувство на помал или поголем апетит. Газирана вода делува на зголемување на лептинот и го зголемува чувството на ситост. Затоа чаша или две газирана вода со оброк го намалува апетитот и е корисна за сите видови диети. – Газираната вода ги стимулира истите нервни рецептори како сенфот, создавајќи пријатно чувство на наводнување на устата што ги активира нашите рефлекси на голтање. Затоа една или две чаши газирана вода може да ги ублажи последиците од болките во грлото. Лекарите од клиниката „Мајо“ велат дека газираната вода е здрава како и обичната вода и дека единствено важно е секојдневно да се пие доволно количество вода за да се задоволат потребите за хидратација.