По повод 8ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, општина Гази Баба на ден 07.09.2023 година (четврток) со почеток во 19:30 часот на плоштадот во Автокоманда организира голем музички настан на кој ќе учествуваат естрадните уметници Јордан Митев, Александра Јанева , Наум Петрески, Зуица Лазова и групата Синтезис, а на настнот ќе биде известен и уметнички перформанс со наслов “Во слава на минатото” од македонските актери, фолклорниот ансамбл Седенка и вокална инструментална група Аманет.
Во објавата на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ги покани сите советници при што напиша:- Само од нас зависи, дали Македонија ќе биде што имаме или што немаме. Денот на независноста е светски датум во историјата на Македонија и наша должност е да го почитуваме. – напиша Стефковски.