-Членовите на градското аматерско културно -уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ го одржаа традиционалниот велигденски концерт. На сцената во големата сала на Центарот за култура „АСНОМ“ беше изведена програма со повеќе традиционални македонски фолклорни сплетови на ора и песни.
Членовите на фолклорната секција и играорците настапија со повеќе кореографии и сплетови, како „Водарки“ и „Тресеница“. Публиката со долготраен аплауз ги награди најмладите членови на друштвото кои изиграа „пајдушко“ оро.
Покрај членовите на играорните групи и оркестарот, како солисти пејачи настапија: Мирослав Крстески, Јовица Николоски и Ѓурѓица Николоска.
Од најстарото културно-уметничко друштво во Гостивар, до љубителите на народниот фолклор и традиција го честитаат христијански празник Велигден.