Немаме намера трајно да останеме во Појасот Газа и подготвени сме да разговараме за алтернативи за тоа кој ќе ја контролира територијата сè додека тоа не е група непријателска кон Израел, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.
– Израел ќе преземе секакви мерки за да го уништи Хамас, но ние немаме намера трајно да останеме во Појасот Газа. Се грижиме само за нашата безбедност и безбедноста на нашите граѓани долж границата со Газа, нагласи министерот.