Синот на Лепа Брена и Боба Живојновиќ, Виктор Живојновиќ, вечерва го слави својот 26-ти роденден, а на гала прославата пеела и неговата мајка.
На прославата присуствуваа најблиските пријатели и семејството, а за роденденот бил подготвена и специјална чоколадна торта.
Лепа Брена направи подарок, кога ја испеа „Ти си мој грев“, сите скокнаа од своите места и пееја заедно.
На роденденската забава гостинка била и пејачката Милица Тодоровиќ со својот нов дечко модел .
Го напуштил семејниот дом
Виктор, инаку, пред извесно време се иселил од луксузната вила на Бежаниска Коса и се вселил во сопствениот стан.
Како што пишуваа тогаш медиумите, Брен и Боб за Виктор избрале стан од 140 квадрати во Нов Белград, за кој платиле дури 700.000 евра.