Причина за најновата повреда на Нејмар е згуснатиот распоред натпревари, изјави денеска тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, ден откако бразилскито напаѓач предвреме го напушти натпреварот против Лил (4-3) во рамки на 24. коло во француското првенство.
Нејмар го повреди скочниот зглоб при дуел со противничкиот играч Бенјамин Андре и на носилки беше изнесен од теренот на почетокот на второто полувреме.
„Ова не е несреќа. Секогаш постојат причини за повреда, а во овој случај тоа е густиот распоред, односно серијата натпревари“, изјави Галтие.
Од ПСЖ најавија дека Нејмар во следните два дена ќе биде подложен на дополнителни прегледи за со се утврди степенот на повредата.