ГАСТАРБАЈТЕР ЗА ПРАЗНИК ГИ ИСПЛАТИЛ СИТЕ ДОЛГОВИ НА МЕШТАНИТЕ ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЦРНА ГОРА: Го шокираше сопственикот со повик – „Испрати ми ја сумата!“

Започна месецот Рамазан кој за исламските верници значи строг верски пост, но и денови на ширење љубов, солидарност и милосрдие.

Колку им е важен светиот месец најдобро покажува еден необичен пример на хуманост од Бар, кога до сопственикот на маркетот во населбата Добра Вода стигнала несекојдневна порака.

Овој хуман човек, чиј идентитет го знае сопственикот на маркетот, им помогнал на сите клиентите од сите вери и националности кои пазареле на шалтерот на овој маркет.

– Еден наш човек кој живее и работи во странство ми пиша на Фејсбук и ме замоли да му ја испратам сумата на пари што ја должат оние клиенти кои купуваат од нас. Ми кажа дека не сака имиња и презимиња, туку само сума пари. И самиот изненаден од ова барање, му ја испратив сумата, а парите беа уплатени по две минути. Ми рече да го запалам тој тефтер на должниците и јас го направив тоа – вели сопственикот на маркетот.

Но, ова не е првпат да прави добро дело, бидејќи пред две години се случи идентична ситуација кога истиот човек во текот на месецот Рамазан им го подмири долгот на своите поранешни сограѓани.

–  Луѓето чиј долг е отпишан на почетокот не поверуваа. Тие беа навистина изненадени, а потоа и многу среќни бидејќи многумина од нив живеат потешко, па затоа ова добро дело на овој донатор им беше од големо значење – додава тој.

Добро и необично дело со ентузијазам се прераскажува меѓу граѓаните на Црна Гора во Бар.

– Нека Господ нему и на неговото семејство му подари среќа, здравје, успех и зголемување на неговото богатство – рече на крајот.