Африм Гаши, претседател на Алтернатива, дел од коалицијата ВЛЕН, изјави дека гарантираат дека секој министер, па и премиерот, секој директор ќе им служи на граѓаните.
Тој рече дека ова е нивна битка.
„Како Албанците, министрите Албанци ќе бидат должни да се грижат за непречено одвивање на процесот и добро владеење на целата територија на државата, истото ќе го бараме од секој министер од ВМРО-ДПМНЕ граѓаните да ги третираат нив подеднакво без разлика на партиска, етничка, верска или која било друга припадност“, вели Гаши во интервју за „Алсат“.
За реорганизацијата на министерствата, Гаши рече дека со нив разговарал идниот претставник Хритијан Мицкоски и дека заедно ќе ги реализираат тие идеи.