Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, им честита на граѓаните по повод 34-годишнината од независноста, нагласувајќи ја важноста на единството, мирот и посветеноста кон евроатлантската иднина на земјата.
Целоснa честитки:
Почитувани граѓани,
Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, им честитам на сите граѓани на 34-годишнината од нашата независна држава. Денот на независноста е посебен момент, можност да се размисли за големите достигнувања на оваа држава.
На оваа годишнина, мојата порака до граѓаните е да се обединиме околу вредностите на единство и посветеност за исполнување на аспирациите на нашата земја. Време е секој од нас да го даде својот придонес за зајакнување на мирот, стабилноста и соживотот во земјата.
Како сигурен сојузник во НАТО и како земја-кандидат за членство во Европската Унија, ова е момент што нè повикува да продолжиме со нашите напори за градење побезбедна и посветла иднина за идните генерации.
Честитки за 8 септември – Денот на независноста!
Со почит,
Африм Гаши,
претседател на Собранието на Република Северна Македонија