Гаши: На 3 септември на дневен ред ќе биде ставена интерпелацијата против мене

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, најавува дека на 3 септември на дневен ред ќе биде ставена интерпелација против него.

„На седницата на Собранието на 3 септември ќе ја ставам на дневен ред интерпелацијата за мене како претседател на Собранието. Мислам дека ова барање политички не држи, но сепак ќе има дискусија“, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите.

На брифингот со новинарите Гаши зборуваше и за неколку случаи, како молитвата во Собранието, случајот на скопскиот аеродром со претседателката на Косово Вјоса Османи, но и неговото одење на свадба во Косово.