Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, рече дека законодавниот дом е подготвен во секој момент да го започне процесот на уставни измени, но додаде дека е потребен консензус и политичка волја за процесот да се движи напред во согласност со стандардите на ЕУ и да не бидат попречувани од билатерални прашања.
Тој оценува дека земјава е во временска криза и дека мора да се најде вистинската формула како да се постапи, пренесува Телеграф Македонија.
Гаши во својот говор на Седмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија, истакна дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за унапредување на процесот на европска интеграција и оцени дека секоја земја што сака да да стане членка на ЕУ треба да ги реши билатералните прашања без да влијае на напорите за постигнување европска интеграција.
„Силно верувам дека проширувањето е можно доколку регионот е тесно поврзан со ЕУ преку врската на заедничките вредности, демократијата. Зајакнувањето на врските со соседите е неотуѓив дел од нашата стратегија за евроинтеграции“, рече Гаши.
Според него, напредокот на Албанија, иако има предност во однос на Северна Македонија, имајќи ги предвид познатите услови, сепак, вели, покажува дека ЕУ е сериозна во однос на проширувањето кон Западен Балкан и дека е заинтересирани за стабилен и интегриран регион.
Гаши потсети дека Собранието постојано работи на донесување закони и реформи неопходни за усогласување на законодавството и дека ќе продолжи да биде лојален и непоколеблив партнер за постигнување на оваа стратешка цел.