Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека има чувство дека неговиот тим ќе ја брани титулата во Премиер лигата.
„ Моето чувство денес е дека ќе ја освоиме Премиер лигата. Ако играме како против Ливерпул и Тотенхем, повторно ќе бидеме први“, изјави Гвардиола.
Бранителот на титулата ремизираше на последните три натпревари во Премиер лигата и се наоѓа на третото место на табелата.
,,Луѓето не веруваат во титулата веќе по три реми, но чувствувам дека повторно ќе бидеме први, знаејќи дека не е лесно”, додаде Гвардиола.
Во следното коло Сити гостува кај Астон Вила.