Гвардиола го прозва Мурињо дека има помалку титули од него, Жозе во свој стил одговори: „Немам 150 обвинувања…“

Зборовите на Пеп Гвардиола по новиот неуспех на Манчестер Сити минатиот викенд и поразот од Ливерпул одекнаа низ светот, па стигнаа дури и до Жозе Мурињо, кој не му остана должен на својот голем ривал.

Навивачите на „црвените“ на Шпанецот му скандираа „Утро ќе те отпуштат“, а менаџерот на Сити покажа шест прсти, симболизирајќи го бројот на титули во ПЛ што ги има освоено. По натпреварот од него беше побарано да ја спореди оваа ситуација со онаа во која се најде Жозе, кога ги доби истите скандирања како тренерот на Јунајтед, а потоа го нападна Португалецот.

– Се надевам дека нема да ми се случи и мене. На крајот на краиштата, можеби и јас сум исто како Жозе. Единствената разлика е што јас освоив шест трофеи, а тој три –  изјави Пеп.

Одговорот на Мурињо беше брутален, а очигледно е дека тоа лично го сфати сегашниот тренер на Фенербахче.

– Гвардиола ги спореди нашите трофеи? Ќе ви ја кажам разликата меѓу нас – ги освоив моите три трофеи фер. Секогаш му честитам на противникот ако е подобар од мене, не сакам да се соочам со 150 различни обвинувања –  изјави Мурињо кој го освои пехарот со Челзи и со тие зборови алудираше на малверзациите за кои се обвинуваат „граѓаните“.

Во меѓувреме Манчестер Сити го совлада Нотингем Форест и со тоа ја прекина непријатната серија.