Сликата од раскрвавен Пеп Гвардиола по натпреварот со Манчестер Сити го обиколи светот, по шокантното реми на Граѓаните во Лигата на шампионите!
Велиме шокантно, бидејќи Сити водеше со 3:0 против Феенорд до 75. минута, додека конечниот резултат беше неверојатни 3:3.
Од друга страна, Пеп се појави пред новинарите со модринки на главата и крвав нос, а на прашањето што се случило тој беше многу краток:
– Го изгребав носот со ноктот. Сакам да се повредам!
Тој за самиот натпревар рече:
– Загубивме многу натпревари во последно време, кревки сме и ни требаше победа. Игравме добро, требаше да стекнеме самодоверба и тогаш нешто се случи за првпат… Имаме проблем. Не бевме доволно силни, треба да избегнуваме грешки, а не да ги правиме.