Гвардиола со години собира играчи, а сега му се заканува на одборот: Намалете го бројот на играчи или си заминувам

Фудбалските фанови, особено играчите на „Фентези“, со години го гледаат „Пеповиот рулет“, што значи дека никогаш не знаеле кои 11 играчи Гвардиола ќе ги испрати на теренот, со оглед на тоа што секогаш имал по три или четири квалитетни играчи на секоја позиција.

Сепак, самиот Пеп откри дека ова нема да се повтори и му постави ултиматум на раководството на клубот да го „скрати“ играчкиот кадар.

Моментално, првиот тим на Сити го сочинуваат 28 играчи, а Гвардиола јавно изјави дека жали што акумулирал играчи низ годините.

„Му кажав на одборот дека не сакам тим со многу играчи. Не сакам да бидам во ситуација каде што повторно ќе морам да испраќам седум или осум играчи на трибините. Ако не го намалат бројот на играчи, ќе дадам отказ. Не можам повеќе вака да работам“, рече тој по синоќешниот натпревар против Борнмут.