Гевгеличанецот Васко Киров, кој вози за Мото Клубот Вардар од Скопје, се искачи на високата вицешампионска позиција, освојувајќи го второто место во еден од најпрестижните мото шампионати “ Алпе Адриа Мотокрос Шампионат 2025 ”.
Киров се натпреваруваше на три трки од шампионатот и тоа во Крешево, Република Босна и Херцеговина, Чачак, Република Србија и Козаревац, Република Хрватска. Освои вкупно 94 бодови кои беа доволни за да го освои 2-рото место на шампионатот. Ова е огромен успех за Република Македонија, за Мото Клубот Вардар како и за македонскиот мотокрос спорт. Тој е единствен натпреварувач од нашата држава кој освои позиција помеѓу првите тројца најдобри возачи во престижната MX1 класа.
Васко Киров има 34 години, роден е и живее во Гевгелија. Своите почетоци во мотокрос трките ги има започнато во 2014. година. Во изминатиот период учествувал и освојувал голем број награди и високи пласмани на државните шампионати во класата MX1.
Мотокрос унијата „Алпе Адрија“ е основана во 1981 година. Прво е основана комисијата за мотокрос, но наскоро се организирани и други дисциплини од мото спортот. Трките по друмски патеки се најуспешната дисциплина во ААМУ со просек од повеќе од 500 возачи по сезона и историја од 20 години .