Гевгеличанец приведен под сомнеж за криумчарење мигранти

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи – Југ денеска околу 13 часот во близина на граничниот премин „Богородица“ го лишиле од слобода 24-годишниот гевгеличанец Г.Б., кој на мотор превезувал нелегален мигрант од Пакистан.

Како што соопшти МВР, Г.Б. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот до надлежното Јавно обвинителство против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење мигранти“. 

МакедонијаМВР