Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повикаа на продолжување на Црноморскиот договор за пченица.
Тие сакаат продолжување на договорот, кој ѝ овозможува на Украина да извезува пченица од нејзините блокирани пристаништа на Црното Море, а и дозволува на Русија да извезува храна и вештачко ѓубриво.
Зеленски изјави дека договорот за пченица е неопходен за светот, по разговорите што ги имаше со Гутереш во Киев, пренесува Телеграф.
Шефот на ОН, исто така, ја истакна важноста на иницијативата, велејќи: „Украинскиот и рускиот извоз на храна и ѓубрива се од суштинско значење за глобалната безбедност на храната и цените на храната“.
Договорот од 120 дена, првично постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција во јули, беше продолжен до ноември, но ќе биде обновен на 18 март доколку ниту една страна не се спротивстави.