Поранешниот командант на руските сили во Украина, кој неодамна беше осомничен дека е „сивата еминенција“ на бунтот на Евгениј Пригожин, генерал Сергеј Суровикин, е во Алжир по долго отсуство од јавноста, објави популарниот руски профил на социјалната мрежа Телеграм, GREY ZONE, близок до платеничката група Вагнер.
Според дел од руските независни медиуми, Сергеј Суровикин пристигнал во Алжир како дел од делегацијата на Министерството за одбрана на Русија, а прв човек на делегацијата, според некои други руски медиуми, е заменик-министерот за одбрана, Јунус-Бек Јевкуров.
Руските медиуми наведуваат дека патувањето на генералот е дел од проектот на Владимир Путин за пробивање во Африка, а тоа, како што наведуваат медиумите, ова е потврда дека руските власти се уште му веруваат на Сергеј Суровикин.
Да потсетиме, неодамна Либија и Буркина Фасо ги посети Јунус-Бек Јевкуров, а беше најавена и негова „поголема“ турнеја во десетина африкански земји.