Георгиев: Бугарија е фактор во ЕУ, тоа Северна Македонија мора да го има во предвид

„Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот, a тоа Северна Македонија мора да го има предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а Северна Македонија засега е само кандидат“, изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев во врска со извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани „македонскиот јазик и идентитет“.

Во разговор за bTV, шефот на бугарската дипломатија потсети дека спорот за историјата им бил оставен на историчарите кога бил потпишан Договорот за пријателство и добрососедство.

„Темите поврзани со јазикот и идентитетот треба да ѝ припаѓаат на научната заедница. Имаме заедничка историја и ова не треба да биде присвојувано од никого“, рече министерот за надворешни работи.