Во однос на Македонија, повеќепати нагласив дека патот на земјата кон Европската Унија поминува и преку верното придржување до Договорот од Преспа, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за неделното издание на весникот „Врадини“а.
Шефот на грчката дипломатија потсети на ставот на Нова демократија во периодот кога беше опозиција, посочи дека е неопходно Договорот од Преспа да продолжи да се спроведува, оценувајќи дека ова ќе биде и ставот на новата Влада.