Министерот за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, рече дека односите со Северна Македонија се на задоволително ниво и во постојана динамика. Сепак, тој истакна дека почитувањето на Договорот од Преспа е главен услов за одржување на ова високо ниво на соработка.
„Грција дефинитивно е за формално спроведување на Договорот од Преспа и не може да биде поинаку. За да се постигне напредок, мора да се исполнат условите дефинирани во договорот. Усогласувањето на патните исправи е поврзано со рокот од 5 години што го имаше Северна Македонија“, рече тој и додаде: „тоа не е направено, не поради грчката држава, туку поради бирократски или други проблеми во Северна Македонија“.
Тој се фокусираше и на имплементацијата на Договорот од Преспа, потенцирајќи дека ова е меѓународен договор кој мора да се почитува од двете страни. Министерот ја изрази и поддршката на Грција за европската интеграција на Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан.