Герасимовски: 1.735 пензионери ќе добијат по 2.500 денари пред празниците

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, соопштува дека е завршен јавниот повик за еднократна распределба на парична помош во износ од 2.500 денари за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари. . На овој повик за еднократна парична поддршка од Општината се пријавиле 1735 пензионери, која ќе биде исплатена до крајот на годинава.

Герасимовски вели дека за оваа помош се пријавиле 1.735 пензионери што е важен чекор за поддршка за време на празниците на крајот на годината.

„За време на новогодишните празници кога сите семејства слават заедно, овие денови можат да бидат дополнителен финансиски притисок за пензионерите. Затоа, наша задача е да им го олесниме секојдневието. Интересот за апелот во јавноста беше навистина голем, верувам дека овие алатки ќе помогнат во семејниот буџет за празниците“, вели Герасимовски.

Општина Центар, нагласуваат оттаму, продолжува со реализација на проекти преку кои ќе ја зајакне локалната заедница, но и ќе го подобри квалитетот на животот на сите граѓани.