ГЕРМАНИЈА ВО ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ – Католичка градинка им нуди на децата просторија за мастурбација: За да ја искористат треба да следат бизарни правила !?

Католичка градинка во градот Керпен во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија им понудила на децата место за мастурбирање, пренесува RTL.de.

Децата ги води љубопитноста, а не сексуалната желба“, велат од градинката.

Овој концепт или проект се наведува дека е за децата до шест години, кои според нив, така ќе ја оживеат токму оваа љубопитност. Во него се наведува дека, меѓу другото, на децата им е дозволено да се повлечат во своите соби „за да се откријат нови работи и физички да се задоволат“, велат од градинката, пренесува RTL.de.

Сепак, постојат правила за користење на просторот и тие се следните: секое дете само одлучува дали сака да си игра и со кого; разликата во возраста не треба да биде преголема; на возрасните деца не им е дозволено да влезат во собата; отворите на телото се табу и детето само одлучува каде да се допира.

Од градинката велат дека просторијата не е „сексуално образование“.

Меѓутоа, државниот парламент во Дизелдорф сега се занимава со посебен концепт. Партијата АфД е особено остра во критикувањето на идејата.

Концептите кои ја надминуваат целта се опасни за децата и пред се го поткопуваат правото на родителите да ги воспитуваат своите деца“, изјавил претставник на АфД за германските медиуми.

Католичката градинка во Керпен припаѓа на архиепископијата во Келн.

Децата уште од мали нозе почнуваат да се интересираат за сопственото тело и телото на другите деца. Сексуалноста на децата не е споредлива со сексуалноста на возрасните“, соопштуваат од архиепископијата во Келн.

Министерството за семејство на Северна Рајна-Вестфалија исто така верува дека е важно да се има насоки за сексуалноста на децата.

Со ова тие сакаат да им дадат инструкции на вработените во градинките како да се однесуваат со децата кога сакаат да се откријат себеси, велат од германските градинки.

Германијаградинкадеца