Германија ги повика своите граѓани итно да го напуштат Иран поради стравување дека би можеле да станат мета на одмазднички мерки од Техеран. Предупредувањето следува по активирањето на механизмот за враќање на санкциите на Обединетите Нации против Иран поради неговата нуклеарна програма, во што Берлин има клучна улога.
Германското МНР предупреди дека амбасадата во Техеран може да обезбеди само ограничена помош на терен. Германија, Велика Британија и Франција, вчера го почнаа 30-дневниот процес за повторно воведување на санкциите, два месеца откако Израел и САД извршија бомбардирања врз Иран поради неговата нуклеарна програма.