Германија е најголемиот производител на сладолед во Европа

Европската Унија произведе вкупно 3,3 милијарди литри сладолед во текот на 2024 година, а Германија остана водечки производител со 607 милиони литри.

На второ место е Франција, каде што минатата година се произведени 501 милион литри сладолед, а на трето место е Италија со 492 милиони литри.

Меѓу петте најголеми производители беа Шпанија со 378 милиони литри и Полска со 298 милиони литри сладолед, според податоците на Евростат.

Кога станува збор за надворешна трговија, Франција е сè уште главен извозник на сладолед на пазарите надвор од ЕУ со 55,9 милиони килограми, што е 21 процент од вкупниот извоз.

По нив следуваат Италија со 42,6 милиони килограми, Холандија со 31,9 милиони, Германија со 28,2 милиони и Белгија со 27 милиони килограми.

Вкупниот извоз на сладолед од ЕУ кон остатокот од светот се зголеми за симболичен еден процент, додека увозот скокна за дури 24 проценти.