Работниците кои мораат да бидат присутни на работното место имаат двојно поголема веројатност да се жалат на здравствени проблеми како што се исцрпеност или стрес отколку работниците кои работат од дома, велат од Универзитетот во Констанц
Вработените кои работат од дома имаат многу помала веројатност да се пожалат на здравствени проблеми отколку вработените кои работат во канцеларија, според студијата на Универзитетот во Констанц во Германија објавена во средата.
„Работниците кои мораат да бидат присутни на работното место имаат двојно поголема веројатност да се жалат на здравствени проблеми како што се исцрпеност или стрес отколку работниците кои работат од дома“, вели водачот на студијата Флоријан Кунзе од Универзитетот во Констанц.
Во исто време, според студијата, вработените на работното место нѐ чувствуваат дека нивните перформанси се повисоки отколку кога работеле од дома.
„Компаниите треба по секоја цена да ги земат предвид резултатите од оваа студија кога донесуваат одлуки дали да ги принудат домашните работници да се вратат на нивните работни места“, вели Кунзе.
Коавторот на студијата Килијан Хампел посочува на податоците од студијата, кои покажуваат дека третина од раководниот персонал смета дека враќањето на обврската за доаѓање на работното место е значајно, додека само една петтина од вработените го делат ова мислење.
Според последните податоци за 2022 година, 24 отсто од вработените во Германија работеле од дома постојано или повремено.
Според истражувањето на Институтот „Југов“, дури 47 отсто од испитаниците би почнале да бараат нова работа доколку работодавачот им забрани да работат од дома.
По пандемијата, за време на која работата од дома мораше да се овозможи секаде каде што е можно, работодавачите се враќаат на обврската за присутност на работното место, при што многумина користат модел во кој 60 отсто од работното време се троши на работното место, а 40 отсто на домашна канцеларија.
TRT Balkan