Католичката црква одобрила исплата за обесштетување во вредност од повеќе од 40 милиони евра на вкупно 1.839 лица кои во последните две години поднеле барање поради сексуално злоставување во црквите.
Повеќе од 40 милиони евра ќе бидат исплатени како обесштетување на лицата кои во последните две години поднеле барање поради сексуално злоставување и вознемирување од Католичката црква во Германија.
Во соопштението на Независната комисија за признавање (УКА) се вели дека Католичката црква одобрила исплата за обесштетување во вредност од повеќе од 40 милиони евра на вкупно 1.839 лица кои во последните две години поднеле барање поради сексуално злоставување во црквите.
Се истакнува дека сумата што ќе ја добијат настраданите е во просек 22.150 евра по лице.
Во извештајот објавен од страна на УКА се истакнува дека три четвртини од жртвите на злоупотреба од католички свештеници биле мажи.
Повеќето од оние кои биле сексуално злоставувани и малтретирани во црквите како деца се пријавиле од градовите Келн и Минстер.
Повеќето пријави во 2021 и 2022 година се прифатени, додека 226 пријави во 2023 година ќе бидат разгледани во наредниот период.