ГЕРМАНИЈА ОФИЦИЈАЛНО ВЛЕГУВА ВО РЕЦЕСИЈА!? Кризата стигна до најсилната европска економија – НИКОЈ НЕ Е ИМУН

Најсилната европска економија, Германија, повторно забележа негативен економски раст, што економистите сега го толкуваат како официјално влегување во рецесија.

Во првиот квартал од 2023 година, германската економија падна за 0,3 отсто во однос на претходниот квартал, објави германската Федерална статистичка служба „Дестатис“. Во последниот квартал од 2022 година, германскиот БДП падна за 0,5 отсто во однос на третиот квартал од таа година, а негативниот економски раст во два последователни квартали е знак за рецесија за многу економисти. Во исто време, падот е значително поголем од очекувањата на пазарот.

Генерално, во Германија имаше пад на потрошувачката и тоа е удар и за производството и за економијата. Практично, слабеењето на економијата го кочи падот на приватната потрошувачка, бидејќи германските домаќинства трошеле помалку на храна, пијалоци, облека и обувки, како и мебел, а овој сегмент бележи пад од 1,2 отсто во однос на претходниот квартал.

Во овој квартал, помалку Германци одлучиле да купат нови автомобили и слични работи.

На квартално ниво, инвестициите во градежниот сектор се зголемени за 3,9 отсто, а инвестициите во опрема, пред се во машини, опрема и возила, за 3,2 отсто, објавено е на веб-страницата „Дестатис“.

Нашата статистика доаѓа по неочекувано силен пад на индустриското производство и други показатели кои предизвикаа загриженост за најголемата европска економија. Падот на новите производствени нарачки, исто така, фрла сомнеж за тоа колку ќе може да закрепне во наредните месеци, и покрај тоа што побарувачката за услуги останува силна“, се вели во објавата.

Европската комисија неодамна прогнозираше раст на Германија од само 0,2 отсто во 2023 година, а потоа од 1,4 отсто во 2024 година. Ова влијае на 20-члената еврозона, чии податоци потврдија дека во првиот квартал е забележан раст од само 0,1 отсто во однос на претходните три месеци.

Германијаекономија