Германија планира да ја зголеми минималната плата на 14,60 евра на час

Германија постепено ќе ја зголемува минималната плата по час на 14,60 евра од сегашните 12,82 евра до 2027 година, според предлозите на владина комисија, кои беа објавени денес.

Планирано е минималната плата по час да се зголеми на 13,90 евра на почетокот на 2026 година.

Од минатата година, Германија има највисока минимална плата во ЕУ, по Луксембург, кој предвидува месечен минимум од 2.638 евра.

Три други земји од ЕУ имаат национална минимална плата над 2.000 евра месечно – Белгија, Холандија и Ирска, објави Ројтерс.

Овој предлог на комисијата, која е составена од работодавачи и претставници на синдикатите, мора да го спроведе германското Министерство за труд.