Најсилната европска економија ја надомести загубата благодарение на големиот пораст на увозот од Норвешка, Холандија и Белгија.
Германија речиси целосно ја компензира загубата од руските испораки на гас, благодарение на големиот пораст на увозот од Норвешка, Холандија и Белгија, откако Москва минатата година го намали снабдувањето поради западната поддршка за Украина.
Помеѓу 2017 година и крајот на февруари 2022 година, Германија увезувала просечно 77 терават часови природен гас месечно, минус извозот, кој се користел за покривање на националната потрошувачка и полнење складиште, се вели во интерен документ на германската Федерална агенција за гас. dpa.
Спротивно на тоа, нето увозот од септември 2022 година до крајот на јануари оваа година – што значи без испораките на руски гас – бил 72,7 терават часови месечно.
Покрај тоа, Германија увезла четири терават часови течен природен гас (LNG) во јануари преку новите терминали на германските брегови.
„Стабилно“ снабдување за Германија
Просечно 26 терават часови природен гас месечно пристигнувале во Германија од Норвешка од 2017 година до крајот на февруари 2022 година, се наведува во документот.
По прекинот на руските испораки, таа количина се зголеми на 41 терават час, пренесува Хина.
Во меѓувреме, нето увозот од Холандија се зголеми од два на 25 терават часови, додека протокот на гас од Белгија порасна од два терават часови на 23 месечно, во просек од септември.
Федералната агенција продолжува да го оценува снабдувањето со гас на Германија како „стабилно“.