– Германската влада и дозволи на Украина да користи оружје испорачано од Германија против воени цели во Русија, објави денеска во Берлин, владиниот портпарол, Штефен Хебестрајт, јави ДПА.
Во последниве недели, Украина ги притиска своите поддржувачи да добијат дозвола да користат оружје доставено од Запад за да ги нападнат руските сили на руска територија. Неколку земји, вклучително и САД, веќе презедоа слични чекори за да и дадат на Украина поголема слобода во употребата на оружјето што го испорачува Западот.