Мајката на младата Германка, Шани Никол Лук, Рикарда Лук, денес соопшти дека нејзината ќерка, која беше киднапирана од терористите на Хамас, е жива и се наоѓа во болница во Појасот Газа.
Во видео-обраќање, пренесено од Blid, таа побарала од германската Влада да и помогне на нејзината ќерка.
„Мора брзо да реагирате и да ја извлечете ќерка ми од Појасот Газа“, порачала мајката.
Според неа, семејството ја добило веста дека Шани Никол Лук е хоспитализирана во болница.
„Имаме докази дека Шани е жива, но дека има сериозна повреда на главата и е во критична состојба. Секоја минута е важна“, рекла мајката на 22-годишната Германка.
Снимката на која се гледа Шани Никол Лук го обиколи светот, пишува германскиот весник, додавајќи дека на неа се гледа неподвижната девојка, полугола на пик-ап, опколена со терористите на Хамас.
Германката пред нападот на Израел била со своето момче и пријателите на музичкиот фестивал „Супернова“ во близина на границата со Појасот Газа.
За време на нападот Шани Никол Лук го повикала своето семејство и ветила дека ќе најде засолниште, по што и се губи секаква трага потоа.
Повеќе од 260 луѓе беа убиени во напад на палестинска милитантна група на музички фестивал. Голем број од нив се повредени, а некои и киднапирани.