– Владата на Германија денеска ја блокира договорената продажба на одделот „МАН енерџи солушнс“ (MAN Energy Solutions) за производство на гасни турбини на Кина од безбедносни причини.
За филијала на „Волксваген“ (Volkswagen) била заинтересирана кинеската државна компанија ГХГТ.
Германскиот дневен бизнис весник „Ханделсблат“ (Handelsblatt) објави дека компанијата ГХГТ е поврзана со кинеската индустрија за оружје, а според предупредувањата на експертите, технологијата на гасната турбина може да се искористи за воени цели, вклучително и во воени бродови, беспилотни летала или борбени авиони.