Германската конзервативна опозиција ќе го укине новиот закон со кој се легализира употребата на канабис, доколку ја освои власта, изјави висок германски портпарол.
„Според нас, политиката за дроги, особено во однос на заштитата на младите, е прашање од толку централно значење што ќе ја откажеме легализацијата на канабисот ако ја преземеме власта“, рече пратеникот Торстен Фреј.
Инаку, легислативата која дозволува употреба и одгледување канабис за лична употреба беше одобрена од германскиот парламент пред повеќе од една недела.
Овој закон ќе им овозможи на граѓаните да одгледуваат три растенија дома и да поседуваат 50 грама канабис за лична употреба, пишуваат странските медиуми, пренесува Телеграф.
Но, според Фреј, неговата легализација нема да реши никакви проблеми.
„Илузија е дека законот што дозволува одгледување за лична употреба ќе го уништи црниот пазар“, рече Фреј.
Тој, исто така, предвиде дека нелегалниот пазар на канабис ќе продолжи и по легализацијата, нагласувајќи дека дилерите на дрога сега веќе нема да се плашат од гонење.
Најавено е дека од 1 април во Германија ќе биде дозволено конзумирање на канабис, се додека оној што пие е на повеќе од 100 метри оддалечен од простории како училишта.