Германската тајна служба знаела се за Евгениј Пригожин !? Агентите на БНД пресретнале клучен разговор кој го разоткрил планот на ‘готвачот’ за бунтот против Русија

Германската тајна разузнавачка служба (БНД) пресретнала телефонски разговор меѓу белорускиот претседател Александар Лукашенко и првиот човек на групата Вагнер, Евгениј Пригожин за време на обидот за вооружен бунт во Русија на 24. јуни.

Новинарите од медиумската група ARD тврдат дека германските разузнавачи преку прислушување дознале за посредничката улога на белорускиот претседател. БНД, наводно, се сомневала дека Евгениј Пригожин подготвува бунт и, наводно, се обидела да ја потврди оваа информација со сојузниците една недела претходно, но безуспешно. Службата затоа не го известила германскиот канцелар Олаф Шолц за можноста од бунт од страна на Вагнер, така што германското раководство првото предупредување го добило дури во петокот на 23. јуни.

Олаф Шолц претходно ја критикуваше БНД, истакнувајќи дека за разлика од американското разузнавање, германската служба „не знаела однапред“ за плановите на Евгениј Пригожин. Тој нагласи дека смета дека е неопходно „да се разговара за активностите“ на БНД, која секогаш „се обидувала да ја следи ситуацијата“ во Русија.

едиумската група пишува дека германското разузнавање било „прилично добро“ информирано за работата на приватната руска воена група Вагнер бидејќи наводно имала пристап до нејзините внатрешни комуникации. БНД започнала да ги следи пораките и повиците на Вагнер уште во 2022 година, но тогаш еден од повисоко рангираните во службата, Карстен Линке, ја информирал Москва за прислушувањето. Карстен Линке подоцна беше уапсен во декември во Германија под обвинение за предавство за соработка со руските разузнавачки служби.

Германската разузнавачка служба им соопшти на новинарите дека јавно не ја коментира својата работа и какви било заклучоци за нивните активности.

Евгениј Пригожин започна вооружено востание ноќта на 24. јуни, обвинувајќи ги силите на Министерството за одбрана на Русија за ракетен напад врз кампот на Вагнер. Тој го зазеде седиштето на Јужниот воен округ во Ростов на Дон и најави „марш на правдата“ кон Москва. Меѓутоа, вечерта на 24. јуни, кога колоните на Вагнер беа на 200 километри од главниот град, тој ги сврте и ги врати назад во логорите.

Александар Лукашенко одеднаш се појави на сцената и го објави постигнатиот договор со Евгениј Пригожин за прекин на кампањата против Москва, а Кремљ ќе го затвори случајот против него за организирање вооружен бунт и ќе му дозволи да се пресели во Белорусија со платеници.

Интервенцијата на белорускиот претседател му овозможи на Евгениј Пригожин да избегне казна, вклучително и убиство на воени пилоти, чии хеликоптери и авиони беа соборени од членови на Вагнер за време на немирите.

Претставници на американските разузнавачки служби подоцна изјавија за CNN дека знаеле за бунтот. Тие изјавија дека членовите на Вагнер однапред префрлиле персонал и оружје од Украина до границите на Русија, а изјавите на Евгениј Пригожин за недостиг на муниција за операциите во Украина се „намерна дезинформација“.

Американските разузнавачи забележале и дека за подготовката на бунтот знаел и заменик-командантот на руската Армија во Украина, генерал Сергеј Суровикин, кој не бил виден со недели.

Александар ЛукашенкоБНДВагнерГерманијаЕвгениј ПригожинКремљРусија