Поранешната тениска ѕвезда Борис Бекер (55 г.) ќе стане нова „ТВ ѕвезда“ која ќе се појавува на германските телевизии, рекламирајќи маркетиншка кампања за продажба на користени кампери.
Борис Бекер, поранешен шесткратен победник на Грен Слем турнирите и олимписки златен медалист, бил фотографиран за време на снимање за паркот „Вон Мобил“ како позира пред кампер.
„Посетете почесто и некои други места“, гласи натписот што го држи во рацете. На видеата тој е насмеан, облечен во карирана кошула и со скрстени раце. Фотографиите можете да ги погледнете ОВДЕ.
Во рекламата, Борис Бекер го заменува Кони Рајман (68 г.), поранешна ТВ ѕвезда која беше заштитно лице на брендот од 2021 до октомври 2023 година. Борис Бекер има многу јавни настапи од неговото ослободување од затвор и се чини дека сака да ја обнови својата слика помеѓу луѓето.
Тениската ѕвезда сака да ги отплати своите долгови и да ги стабилизира финансиите откако минатата година беше затворен поради неотплата на долговите. Борис Бекер, имено, беше осуден на две и пол години затвор во април 2022 година за криење на милиони имот по прогласувањето банкрот, но беше ослободен од британски затвор во декември.
Тој најави и враќање на тенисот и откри дека го тренира исклучително талентираниот Данец Холгер Руне. Сепак, во условите за излегување на Борис Бекер од затвор, се наведува дека му е забранет влез во Велика Британија, па летово не можел да оди на Вимблдон, а истото го чека и следната година.
Тој е горд што е тренер на тенисерот Холгер Руне.
„Горд сум што ме праша. Контактот постои долго време“, изјави тој неодамна.
Со помош на неговиот деловен партнер и аналитичар за ризик, неговата девојка Лилијан де Карваљо Монтеиро (34 г.), Борис Бекер направи серија успешни настапи. Инаку, Лилијан де Карваљо Монтеиро е официјален директор на „Борис Франц Бекер“ и сега раководи со сите работи поврзани со неговото враќање откако поранешната тениска ѕвезда се раздели со претходните советници.
Во февруари, Германецот излезе на сцената на филмскиот фестивал во Берлин за да го промовира својот филм „Boom! Boom! World against Boris Becker“, документарец кој го опишува неговиот драматичен живот.
За потсетување, Борис Бекер банкротираше во јуни 2017 година, должејќи им на доверителите речиси 50 милиони фунти, а во април 2022 година беше испратен во затворот „Вандсворт“ за случај на несолвентност.
Тој го скрил својот удел во имот од 1 милион фунти во неговиот роден град Лејмен, Германија и сокрил банкарски заем од речиси 700.000 фунти, вреден 1,1 милион фунти со камата. Исто така, беше откриено дека неплаќал 75.000 акции во технолошка компанија во вредност од 66.000 фунти.