Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека е можно снабдување на Украина со ракети „Таурус“.
Мерц ги даде овие коментари за време на интервју за германската телевизија ZDF, пренесува Телеграф.
На прашањето за снабдување на Украина со ракети „Таурус“, Мерц одговори: „Секако, тоа е во рамките на можностите“.
Во исто време, тој додаде дека ова ќе бара неколкумесечна обука за украинските војници.
Мерц истакна дека префрлањето на системот во рок од шест месеци или една година нема да и користи на Украина денес, па затоа воената поддршка за Киев сега се подобрува.
Зборувајќи за понатамошни санкции против Русија, канцеларот рече: „Сè што може да се направи на безбедна правна основа е можно“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин се сретна со сојузниот канцелар Фридрих Мерц, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и претседателката на Парламентот Јулија Клекнер.