Германскиот канцелар Шолц јасно порача: “Берлин ќе продолжи да го поддржува Киев со пари и оружје!“

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека не очекува наскоро да заврши војната во Украина.

Тој за германскиот деловен дневен весник потврди дека Берлин ќе го поддржува Киев се додека е потребно со пари и оружје.

Треба да бидеме подготвени за продолжена војна, иако би бил пожелен претходен крај“, истакна Шолц. Тој исто така додаде дека е апсолутно клучно Кина да не ѝ дава оружје на Русија и да ја поддржува во инвазијата на Украина.

војнаГерманијаОлаф ШолцРусијаУкраина