ГЕРМАНСКИ МУЛТИМИЛИОНЕР ГО ШОКИРА ДЕЛОВНИОТ СВЕТ: На работниците им ја подари целата компанија, а ова му е единствената причина за тоа

Германскиот крал на модата, мултимилионер и успешен бизнисмен Хелмут Шлотерет ја прeпушти својата мултимилионерска модна куќа „Марк Кејн“ на своите вработени!

Станува збор за потег за кој зуи цела Германија и кој ја изненади јавноста. Неговата успешна компанија се наоѓа во покраината Баден-Виртемберг.

Сите акции што ги имаше тој ги префрли на своите вработени, кои ќе продолжат да ја произведуваат женската гардероба која го прослави низ Германија, а е позната и во светот.

Шефот и основач на успешна компанија беше на нејзино чело 50 години, а пред неполни три години му донесе продажба вредна 200 милиони евра.

Сега со компанијата ќе управува нешто како работнички совет во кој се сите секторски раководители.

„Најважно ми е компанијата да биде во вистински раце, бидејќи продажбата никогаш не била моја опција, а бидејќи јас и сопругата немаме деца, така решив“, изјави богатиот Германец, кој исто така е на Листа на Форбс.