Германското Министерство за одбрана денеска презентираше предлог за враќање на доброволната воена служба со цел да се зајакнат ослабените германски вооружени сили.
Овој предлог е дел од промените во насока на зајакнување на надворешната и одбранбената политика, што канцеларот Олаф Шолц ги најави деновите по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година како „епохален пресврт“, пренесуваат агенциите.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека од сите мажи од 18-годишна возраст ќе се бара да пополнат прашалник за да се процени нивната способност и интерес за воена служба, додека за жените тоа ќе биде опциона можност