Екипата на Магдебург е нов европски ракометен шампион. Бундеслигашот вечерва во финалето на Лигата на шампионите на турнирот во Келн го победи полски Келце со 30:29 по продолженија.
Основите 60 минути завршија без победник, 26:26. На Келце не му беше доволно ниту водството со четири во почетните минути на второто полувреме.
Во натпревар за третото место, Барселона го победи Пари Сен-Жермен со 37:31.