– Командантот на германските воздухопловни сили Инго Герхартс денеска изјави дека земјата ќе ја има втората по големина хеликоптерска флота во НАТО, откако најави купување на 60 американски хеликоптери „Чинук“.
„Ќе ја имаме втората најголема флота на хеликоптери во НАТО, по САД“, изјави Герхартс. Тој додаде дека речиси 50 хеликоптери Чинук ќе бидат стационирани во Шуневалде во источна Германија, каде што ќе бидат стационирани и 1.000 дополнителни војници.
„Шуневалде ќе има посебна, клучна улога за воздухопловните сили, целиот Бундесвер и германската безбедност“, изјави Герхарц.
Минатиот месец Германија најави дека ќе купи 60 хеликоптери Чинук, кои ќе чинат до осум милијарди евра.