Гинекологот им порача на жените која фризура е најдобра за таму доле: Се смета за најздрава (фото)

Постојат различни фризури, но во последно време многу жени се одлучуваат за целосно отстранување на влакната таму доле. Еве што имаат да кажат гинеколозите за тоа и што според нив е најздраво за вас.

Студија од 2016 година заклучи дека колку повеќе влакна околу вагината, толку подобро. Истражувачите анкетирале повеќе од 7.500 мажи и жени за нивните навики за интимно дотерување и откриле дека секој тип на депилација што вклучува целосно отстранување на влакна е многу лош.

Тоа значи дека ако го отстраните секое влакно, имате поголем ризик од сексуално преносливи болести како херпес, ХПВ, гонореја и кламидија.

Двајца гинеколози имаа ист став – и двајцата беа за природен изглед. Дури и по еволуцијата, влакната останаа, што значи дека се таму со причина. Добро е познато дека кожата во таа област е многу чувствителна и склона на инфекции.

„Грмушката“ е таа што ја штити вагината од тие негативни влијанија, иритации и инфекции односно има улога на тампон.

Но, ако навистина не можете да го прифатите природниот изглед тогаш користете тример за да ја стилизирате вашата интимна фризура.

Ако одлучите да се бричите, користете нов брич секој пат, а правете го тоа за време на туширањето, бидејќи топлата вода ќе ги омекне влакната и ќе можете полесно да ја завршите работата.