Гинекологот откри што е женска ејакулација: Мажи, внимавајте дали за време на оргазмот го прави ова (фото)

Женската ејакулација е тема која секогаш ја заинтригира човечката раса, а и покрај тоа, науката сè уште не нуди конкретно објаснување зошто кај некои жени се случува почесто, а кај други никогаш.

Овој феномен првпат бил спомнат во четвртиот век во Кина, каде што се верувало дека течноста што жената ја ослободува за време на оргазмот има лековито дејство.

Доколку не сте запознаени со поимот женска ејакулација, сега ќе ви стане појасно. Некои жени исфрлаат голема количина течност од вагината за време на оргазам, слично на мажот кој исфрла сперма на овој начин (машка ејакулација). Ова е, меѓу другото, една од најпопуларните работи на порно сајтовите, но иако денес сосема отворено се зборува за сè, овој феномен и понатаму останува табу тема.

– Женската ејакулација со години е тема на дискусија меѓу научниците, бидејќи не е сосема јасно зошто на некои жени им се случува, а на други не. Познато е дека се работи за истата течност што вообичаено се ослободува во вагината за време на сексот, поради што жената се навлажнува. Тоа го ослободуваат жлездите, а подоцна оваа течност може да се измеша со спермата, па изгледа како да ја има уште повеќе – откри д-р Мима Фазлагиќ, гинеколог.

Се верува дека за време на ејакулацијата, жената исфрла помеѓу 30 и 150 милилитри секрет, кој доаѓа од Бартолинските и Скенеовите жлезди. Сепак, ова е тема која сè уште не е целосно истражена.

– Ова не е нешто што официјално е опишано како, меѓу другото, Г-точката – вели гинекологот, додавајќи дека тоа не значи дека не постои, туку дека тоа е нешто преку кое учат лекарите и самите жени со тек на времето, искуството и разговорите.