– Борбата против корупцијата и владеење на правото се во сржта на напредувањето на Северна Македонија на патот кон Унијата, подвлече евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во обраќање на Шестата пленарна сесија на НКЕУ-МК на тема „Национална конвенција за Европска Унија: Темелните општествени вредности за европската иднина“.
-Над се, тие се клучни за граѓаните. Патувајќи низ државата и среќавајќи се со граѓани гледам колку грижа има поради ова и колку сето тоа влијае на луѓето на секојдневна основа дали е тоа јавна услуга, дали е тоа школо – образование, здравствена услуга, работно место, животна средина или владеење. И отсуството на ефективен и независен систем на владеење на правото злоупотребите ги остава неказнети, правата не се почитувани, нееднаквоста расте, конкуренцијата за иновации застанува и најлошо од се’ граѓаните се се’ поцинични и поотпорни кон институциите и не гледаат можност за промена, нагласи Гир.
Тој потсети дека процесот на скрининг со поглавјата на европското „аки“ за стандардите и нормите успешно беше завршен минатата седмица. Јас сакам да им честитам на сите вклучени во овој процес, затоа што овој процес беше многу професионално и многу добро извршен. Исто така, додаде, тоа резултираше со издавање на извештај за скринингот, извештај за Кластер 1 – фундаментални права, области, владеење на правото и борбата против корупцијата беше објавено во јули.
За извештајот на ЕК за напредокот на земјава, кажа дека е „чесен, отворен, но фер – верувам“.
-За владеењето на правото беше кажано дека нема напредок. Извештајот покажува дека условите во врска со контроверзното разрешување на претходниот претседател на Судскиот совет и недостатокот на доверба кај судиите и институциите извештајот исто така повикува да се вложуваат напори за случаите на заплашување на судиите. Оценската мисија оваа недела ги објави препораките и заклучи дека функционирањето на Судскиот совет резултира со проблеми кои се акумулирани од минатото и не се решавани навремено и систематски, рече Гир.
Непокривањето на правната рамка и недостигот на добри практики, продолжи Гир, и овие недостатоци, имајќи ја предвид централноста и важноста на Судскиот совет во судскиот систем се проширија исто така и низ самото судство, оневозможувајќи го да ги заврши своите задачи да може да работи како другите гранки од власта и тоа значи дека се намалува целосно и јавната доверба во системот.
-Мисијата исто така нагласи дека имаше успех во реформскиот процес и дека тие нема само да зависат од правните промени, но нивната имплементација треба да биде извршена во добра волја, со целосно почитување на интегритетот, отчетноста и транспарентноста. Накратко кажано правните промени се важни, но тие не се доволни. И извештајот дава 40 препораки покривајќи сеопфатни предлози, давајќи предлози за промена на Судскиот совет затоа што неуспешните реформи или полузавршените реформи не само што понатаму јавната доверба ќе ја намалуваат во судството и ќе влијаат врз организациите и институциите што се борат за подобрување на ефективноста и ефикасноста на судиите, истакна Гир.
Во областа на корупцијата, додаде Гир, извештајот за државата укажа дека нема напредок.
-Корупцијата, како што беше кажано, останува главна и огромна грижа и видовме дека има одложувања на судењата за висока корупција и резултираат со истекување на случаите, застарување на случаите во судот. Слични грижи беа искажани исто така поради промените на Кривичниот законик за којшто сметаме дека е зголемен ризикот од неказнивост. Јас во овој момент нема да зборувам за процесот на назначување на новите членови на ДКСК да зборувам бидејќи овој процес се уште е тековен, но јас ќе кажам – она што очекуваме и верувам дека секој граѓанин на оваа земја треба да бара дека новата ДКСК формирана на исто ниво како и претходната, ако не и повеќе, очекуваме од секој член да работи со дигнитет, со интегритет и пред се со посветеност затоа што вие им го должите тоа на вашите граѓани, апелира Гир.
Евроамбасадорот истакна дека ЕУ го набљудува Западниот Балкан со итност, делумно и поради трагичните состојби во Украина поради агресијата на Русија и војната таму и дека проширувањето е од наш заеднички интерес.
-Се работи за просперитет, за демократија, за стабилност и за безбедност. И овие факти ќе бидат кажани денеска во Брисел подоцна кога ќе започне Самитот на ЕУ за Западен Балкан. Европскиот проект бара постојано инклузивен дијалог помеѓу сите политички чинители и други чинители во општеството, за клучните реформи во самата ЕУ секако, но и во земјите кандидати, посочи Гир.
Во однос на Националната конвенција, Гир рече дека таа дава додадена вредност во целокупниот процес на евроинтегрирање.