Евроамбасадорот Дејвид Гир смета дека европското знаме треба да се користи само кога станува збор за прашања поврзани со европските норми и стандарди, но не и да се избегнува јавна дебата за однесувањето на важните закони, информира Журнал.
„Нема да коментирам за одредени закони, но сакам да го истакнам општиот принцип, кој е од особено значење, дека кратката процедура во Собранието треба да се користи само кога станува збор за конкретни закони кои се поврзани со европските закони. Европското знаме треба да се користи само кога се во прашање законите поврзани со европските норми и стандарди. Причината поради која е дозволена употребата на европското знаме при донесување на законите е да се забрзаат реформите кои се неопходни за приближување кон европските закони. Ова во никој случај не треба да се користи за намалување на дискусијата за важни закони“, нагласи Гир.
Здружението за спортско обложување на Македонија вчера побара одговор од Гер, оценувајќи дека европското знаме се злоупотребува без јавна расправа за воведување на новиот закон за коцкање.