– Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска на новинарско прашање во врска со актуелните случувања во Алијансата за Албанците посочи дека не може да коментира прашања кои се поврзани со внатрешна политика, ниту пак за случувањата во самите политичките партии.
-Јас не можам да коментирам за прашања кои се поврзани со внатрешна политика, ниту пак прашања поврзани со случувањата во политичките партии, изјави Гир кој денеска присуствуваше на донација на амбулатни возила во скопската Итна помош.
На прашање зошто средбата со претседателот на ДУИ Али Ахмети во декември се одржала во просториите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Гир рече дека ја признава грешката.
-Се разбира дека понекогаш луѓето грешат. Јас направив грешка затоа што средбата се одржа во просториите на Министерството за политички систем, тоа се институции во кои треба да се одржат состаноци кои ја засегаат само Владата. Ја признавам грешката, додаде Гир.