Откако Пентагон објави дека американски воен брод и неколку комерцијални бродови биле нападнати во Црвеното Море, се огласи портпаролот на паравоената формација Хути од Јемен, кој потврди дека тие стојат зад нападот на бродовите.
„Хутите во северен Јемен, исто така, ја презедоа одговорноста за нападот на два израелски брода во теснецот Баб ал-Мандеб“, изјави Јахја Сарија, портпарол на вооружените сили на движењето.
„Морнарицата на јеменските вооружени сили денеска нападна два израелски брода во теснецот Баб ал-Мандеб“, истакна Јахја Сарија за време на говорот што го пренесуваа арапските ТВ канали.
Првиот брод бил нападнат со проектил, а вториот со дрон.
Јахја Сарија додаде дека операцијата се случила откако двата израелски брода ги отфрлиле предупредувањата од морнарицата Хути.
Американскиот разурнувач „УСС Карни“ бил нападнат со беспилотни летала и проектили истрелани од Јемен, јавува медиумите, повикувајќи се на извор во Пентагон.
„Од Јемен беа истрелани проектили и беспилотни летала кон американскиот разурнувач брод и комерцијални бродови во Црвеното Море“, се наведува во извештајот.
Претходно ТВ каналот „Ал Хадат“, повикувајќи се на извори, објави дека приврзаниците на јеменското шиитско движење Ансар Алах (Хути) нападнале британски трговски брод во теснецот Баб ал-Мандеб.
Теснецот Баб ел-Мандеб е устието на Црвеното Море и Аденскиот Залив.
За време на воената операција, движењето Ансар Алах неколку пати објави дека лансира ракети кон израелскиот град Еилат. Хутите, исто така, предупредија на нивната намера да ги нападнат сите бродови поврзани со еврејската држава, повикувајќи ги другите земји да не им се приближуваат на море и да ги повлечат своите екипажи од нив.
Портпаролот вели дека два брода, Unity Explorer и Number Nine, биле мета откако ги отфрлиле предупредувањата од морнарицата на групата.